Груевски и Мијалков на црната листа на САД

Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа експремиерот Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како одговор на нивното учество во значајна корупција. Како што денеска соопшти Стејт департментот, нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат јавната доверба во владата. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот, исто така, на црна листа ги стави членовите на нивното потесно семејство па сите се неподобни за влез во САД. Груевски во ноември 2018 избега во Унгарија каде сега има политички азил. Мијалков е неправосилно осуден на 12 години за масовното прислушување и првостепено уште на 8 години за предметот со набавка на опрема за прислушување. /Алсат.мк