ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува истрагата за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот

Хрватскиот ракометар Денис Тот бил придружуван од тројца осомничени во ноќниот клуб во Скопје. Според очевидци, 28-годишниот Тот ноќта на 7 април кога се случи трагедијата во Градскиот парк бил во друштво на 19-годишната К.Л. и уште две момчиња А.К. 22-годишен и А.Ѓ. 28 годишен. По меѓусебната расправија, Хрватот го загуби животот. 19-годишната девојка и 22-годишното момче се уапсени, а првоосомничениот 28-годишниот е во бегство. Сопственикот на клубот ни изјави дека немало кавга внатре во објектот и според него, сè се случило надвор.

Advertisements

Сè е снимено од безбедносните камери на клубот, но и од камерите Safe City кои се околу шеталиштето на Вардар. Сведок тврди дека биле пијани и ситуацијата ескалирала. Но, оваа информација е различна од извештајот на обвинителството каде се вели дека тројцата осомничени продолжиле да го удираат со тупаници и клоци по главата и потоа без да му помогнат, го напуштиле местото на настанот.

„Во 3 часот и 30 минути во четвртокот вечерта, хрватскиот ракометар го напуштил ноќниот клуб со неговата придружничка и двајца пријатели, каде според очевидци, прво влегле во такси, но потоа излегле и започнале тепачка каде лицето било удрено и паднал без знаци на живот“, изјави новинарот на Алсат Аднан Ќаили.

Лекарите од Ургентниот центар соопштија дека ги направиле сите напори за да го спасат животот на ракометарот. Реанимацијата му го вратила пулсот половина час, но клинички неговиот мозок престана да функционира. Резултатите од обдукцијата констатирале четири потреси на мозокот. Обвинителството соопшти и дека има силни докази од безбедносните камери и од изјавите на неколку сведоци. Но, за двајцата приведени, кои се во 30-дневен притвор, не открија детали како ја опишале трагедијата.

„Издадена е наредба за истражна постапка поради постоење на основано сомнение дека тројцата осомничени сториле кривично дело Убиство од чл.123 ст.1 чл.22 од Кривичниот законик“, изјаваат од Основно јавно обвинителство Скопје

Главниот осомничен и натаму останува недостапен за истражните органи.

„Според оперативните податоци, полициски службеници трагаат по осомничениот А.Ѓ. но поради истрагата не можеме да откриеме детали. Доколку не биде фатен до утре, ќе распишеме меѓународна потерница“,  Министерство за внатрешни работи

Ракометарот Денис Тот, кој беше играч на скопски Бутел утре ќе биде погребан во неговата родна Ѓаковица во Хрватска. /Алсат.мк 

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button