ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Контроли и казни за уништување на животната средина

Во првите три месеци од 2022 година, Државниот инспекторат за животна средина извршил вкупно 590 контроли. Од нив 365 биле редовни, а 133 вонредни. Комисијата за спогодби во Министерството за животна средина повела постапка за прекршоци од трета категорија за велешка компанија, за што максималната казна достигнува и до 100 илјади евра.

Advertisements

Стојковски додаде дека се изготвени 28 решенија, 18 за забрана за работа, три постапки за правни лица и три платни налози за физички лица од по 250 евра.

Во текот на оваа година ќе се зголеми бројот на инспектори, па почнувајќи од мај на терен ќе има 21 инспектор. Инспекторатот за животна средина го презентираше дигиталниот регистар на инспекциски субјекти на државно и локално ниво и базата на податоци за извршени инспекции. /Алсат.мк

Еви Шкопи

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button