ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Битола и Универзитет за туризам и менаџмент-Скопје

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, Аце Миленковски потпишаа Меморандум за соработка меѓу општината и Универзитетот.

Advertisements

Соработката помеѓу двете институции ќе се одвива во повеќе насоки, односно партнерство во аплицирање на проекти од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, како и организирање на настани од заеднички интерес, заклучија тимовите на локалната самоуправа и Универзитетот за туризам и менаџмент, предводен од ректорот Миленковски.

Со Меморандумот предвидено е и подобрување на капацитетите во општината со реализација на обуки и работилници, соодветна експертска поддршка, како и мотивација на идните студенти за упис на додипломски студии, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button