ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Битиќи: Рамазан нека носи среќа, бериќет и мирна мисла во сите наши семејства

Вицепремиерот Битиќи вечерва на покана на Стопанската комора Македонија-Турција МАТТО присуствуваше и се обрати на ифтарската вечера.
Во брзото и непредвидливо време во кое живееме, нагласува вицепремиерот, важно е да се потсетиме на вредностите на кои овој празник низ вековите не учи.
-Солидарност, подавање рака на онемоштениот, да поделиме со помалку од нас среќниот, на мир во духот за да ја почувствуваме моќта на чистата мисла која доаѓа од молитвата и љубовта за различниот. Им благодарам на претседателот и членовите на МАТТО, Стопанската комора Македонија-Турција за денешната покана на ифтарската вечера. Вечерва сум меѓу пријатели и тоа ме прави среќен, истакна Битиќи.
Тој на сите сограѓани им посакува спокоен период на пост и молитва во месецов на Рамазан.-Нека има здравје, среќа и бериќет во секое семејство! Во вашето, моето, во турското, македонското, ромското, во сите наши семејства, во ова наше убаво, шарено, богато со традиција и дух „Едно општество за сите“, рече вицепремиерот во обраќањето на ифтарската вечера.