На граѓаните и фирмите кои не платиле данок на имот ќе им се блокираат сметките

Граѓаните и фирмите кои не го платиле данокот на имот од 2019 година, имаат рок до 15 април 2022 година, во спротивно општините ќе им ги блокираат сметките. Ниту ЗЕЛС, ниту Град Скопје немаат конкретни информации кои општини ќе спроведат ваква мерка за наплата на данокот на имот. Покрај блокирањето на сметката ќе се соочат и со парични казни.
„Казните за правни лица се движат од 300 до 10000 евра, додека за сопственици на фирми и одговорни лица од 50 до 500 евра, додека за физички лица за непријавување или неподнесување даночни пријави се до 250 евра, во тој случај следува истата соодветната прекршочна постапка“, наведуваат од Заедницата на единиците на локалната самоуправа.
Од Град Скопје велат дека подготвуваат акти за доставување решенија за данок на имот и решенија за општински даноци за 2022 година. Од таму велат дека ќе ја спроведат мерката блокирање на жиро сметка за оние кои не платиле.
„Во кампањата „Мој данок, за мојата општина“ се вклучи и Град Скопје! која има за цел да ја подигне јавната свест за потребата и придобивките од навремено плаќање на данокот на имот за да придобиваат од ефикасни и квалитетни услуги од единиците на локалната самоуправа“, рекоа од Град Скопје.
Алсат веќе објави дека многу општини во земјава, како Арачиново, Тетово, Маврово-Ростуша, Центар Жупа, Студеничани, Долнени се неуспешни во наплатата на данокот на имот. Некои од нив немаат ниту систем за плаќање даноци.
Еви Шкопи