ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мухамед Зеќири останува во притвор

Екс генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири останува во притвор. Вака одлучи доцна попладнево кривичен совет на Основниот кривичен суд во Скопје. Ваквата мерка Зеќири ја има поради опасност од бегство и влијание врз сведоци, додека опасноста да го повтори делото е укината, откако беше назначен нов генерален секретар на Владата.
Зеќири е осомничен дека проневерил еден милион евра и ја злоупотребил функцијата со тоа што во четири очи договорил фирма за консултантски услуги, наместо тоа да го направи преку тендерска постапка. /Алсат.мк
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button