ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Барањето на СОНК е нереално, вели претседателот на ССМ

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, оцени дека барањето на Синдикатот за образование, наука и култура, за зголемување на платите за 18,4% е нереално и во моментот невозможно за остварување поради проблемите во домашната и глобалната економија.

Advertisements

„Во моментот нема шанси платата да се зголеми за 18,4% поради кризите коишто ги напоменав. Ние мислиме дека најприфатливо за оваа година е 2.800 денари, онолку колку што се зголеми минималната плата. А, до година, кога ќе се усогласува минималната плата, во месец март, ќе бараме да се применат колективните договори. Бараме од 1 мај секој работник да има по 2.800 денари“, вели Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button