ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ќе нема царина за увоз на зејтин, но цената сепак, ќе расте

Граѓаните нема да останат без масло за јадење, уверува вицепремиерот Фатмир Битиќи. Владината одлука со која се укинуваат царинските давачки за увоз на зејтин, ќе обезбеди нови количини на овој производ од други земји. Сепак и покрај ослободувањето, цената би можела да расте со оглед на состојбата на европските пазари и на трошоците на производителите, вели Битиќи.

Advertisements

„Ние затоа вчера донесовме мерка за укинување на увозните давачки на сончогледово масло за јадење за да не се случи на нашите граѓани да останат без масло за јадење, кога еве, немаме нова жетва на сончоглед. Владата не е таа којашто ги откупува количините на масло тоа се различните компании кои би требало да најдат сурови и готови производи. Во првиот момент кога ќе нè информираат за количините кои што ги имаат обезбедено ќе може да ви одговорам“, рече Битиќи.

Маслото за јадење во земјава ќе се увезува без царина од 29 проценти до крајот на следниот месец. Домашните производители имаат залихи уште за еден месец, бидејќи не можат да увезат сурово масло од Србија, но следната недела се очекува владата во Белград да ја тргне забраната за извоз од Србија.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button