ЗАБАВА
АНГЛИЈА, град „окупиран“ од крави

Необичен настан се случи на улицата Сомерсет во Англија кога стампедо од 85 крави, се појави во населбата. Околу 85 крави истрчаа пред хотелот Феникс во Чард на југо-западниот дел од Англија. Како резултат на оваа необична сцена, била повикана полицијата која ги блокираше патиштата и побара помош од граѓаните да се ограничи движењето на кравите и да се спречат сообраќајни несреќи. Ситуацијата се стави под контрола по полноќ и за среќа нема пријави за повредени. Сепак, она што е сè уште непознато е како кравите завршиле во урбаната област.