ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неделков од СОНК: МТСП се обидува да ги заплаши штрајкувачите во градинките

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, утрово обвини дека Министерството за труд и социјална политика (МТСП) сака да ги заплаши вработените во градинките кои се приклучиле на штрајкот за зголемување на платите.

Advertisements

„Четврти ден од почетокот на штрајкот во градинките и училиштата, без понуда за зголемување на платите. Наместо наоѓање решение на проблемот, МТСП врши обид да ги заплашува штрајкувачите во градинките со разни дописи. Почит и поддршка до сите вработени во градинките и училиштата кои се во штрајк“, напиша Неделков на социјалните мрежи.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button