ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Синдикатот на Македонски пошти доби предлог за зголемени плати

Вработените на Македонска пошта започнаа генерален штрајк. Бараат зголемување на платите и подобрување на условите за работа. Два часа по почетокот на штрајкот менаџментот на државната компанија им предложи на синдикалците од Пошта нивните барања да се исполнат периодично. Техничкиот персонал да добие повисока плата од јуни а административниот од август годинава. Ваквиот предлог сега се чека дали ќе биде прифатен од вработените.

Advertisements

„Се исполнува нашето барање, со компромис каде што согласно финансиските можности нашето барање беше да биде веднаш зголемувањето, но и ние како синдикати треба да имаме разбирање и да биде од 1 јуни за технолошки процес и 1 август за администрација“, рече Боро Велигденов, претседател на синдикат на Македонска Пошта.

Директорот на компанијата Јани Макрадули вели дека дел од парите кои се потребни за зголемени плати на вработените во Пошти ќе ги покрие Владата.

„Бидејќи се третира како преговори денеска сите вработени ќе ја добијат својата дневница“, изјави Макрадули.

Според податоците 1700 поштари и шалтерски работници се предвидува да добијат повисока плата во јули, а администрацијата истото зголемување од 3000 денари да го добие во септември. Освен раст на платите поштарите чекаат и нови униформи и подобрување на условите на работа.

Дополнително според информациите во Пошта имало повеќе од 200 лица кои добивале плата од компанијата, а не оделе на работа. Досега 48 такви лица добиле отказ од работа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button