ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кацарска до пратениците: Почитувајте го Уставот

Шефицата на Уставниот суд, Добрила Кацарска ги повика пратениците да го почитуваат Уставот и да изберат уставни судии. Иако еден месец има нова претседателка на собраниската Комисија за избори и именувања, не е закажана седница за избор на четворица уставни судии.

Advertisements

„Сега веќе се работи на голем број на предмети, секако дека е бројката преку 30 и состојбата во Уставниот суд веќе е алармантна. Токму во оваа ситуација би сакала само да наведам дека јас верувам дека пратениците го познаваат Уставот, верувам дека ја познаваат содржината на член 51 став 2 од Уставот согласно која секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Токму затоа би им препорачала на пратениците – почитувајте го уставот“, рече Кацарска.

Марија Георгиевска која е новата претседателка на Комисијата, вели дека ги чека предлозите за судии од нејзините колеги пратеници.

„Разговарав со членовите на комисијата и очекувам во најскоро време да ме известат за нивни предлози. Веднаш штом имам информација дека има предлози, ќе закажам продолжение на комисијата за предлагање уставни судии“, вели Георгиевска.

Уставниот суд работи само со пет судии наместо со девет. Со нив, на граница е одржување на седница на судот и може да се донесе одлука само доколку се согласат сите пет судии. Но, со месеци не можат да се донесат двотретински одлуки, за што е потребно најмалку шест уставни судии. Со ова, предмети остануваат во фиока, сè до комплетирање на Уставниот суд.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button