МАКЕДОНИЈА

Нема повредени во пожарот кај „Треска“, се евакуираат жителите од околните објекти

Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА.

Advertisements

Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.

Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.

Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.

На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и доплнители возила за гасење на пожарот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button