ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апелација ја разгледа жалбата на Дрпљанин за случајот „Алфа“

Апелациониот суд ја разгледа жалбата на Алмир Дрпланин, осуден на доживотен затвор во случајот „Алфа“. Судското рочиште се одржа по неколку одложувања и бранителот очекува решението да биде изготвено во наредните 30 дена.

Advertisements

По одлуката на Апелација, се отвора пат за повторно судење за случајот „Алфа“ додека Кривичниот суд како нов материјален доказ ќе го земе предвид вештачењето подготвено во Србија. Од овој суд во повеќе наврати изјавија дека документацијата треба да се комплетира, бидејќи на Дрпланин му суделе одвоено од Агим Ислами и веќе покојниот Реџаил Ќерими за да може да се оцени вештачењето и случајот повторно да се суди.

Од вештачењето било констатирано дека лицата осудени за убиство на полицаецот во 2008 година во Скопје не се вистинските сторители на делото. Агим Ислами продолжува да отслужува доживотна затворска казна додека Реџаил Ќерими почина во затворот чекајќи правда.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button