ДУТ – Студентите по музика ја бојкотираа наставата

Студентите по музика на Тетовскиот универзитет денеска не се појавија на предавањата. Студентите по вчерашниот протест рекоа дека писмено го известиле деканатот дека ќе ја бојкотираат наставата додека не се исполни нивното барање за смена на професорката Бесиана Мехмеди, која ја обвинуваат дека ги навредувала и им се заканувала на студентите.
„Студентите од I, II, III, IV година се во тотален бојкот и за тоа доставивме изјава до деканатот, каде што се потпишаа претседателите на четирите групи. Исто така во понеделник студентите ќе одржат состанок за да разговараат за наредните чекори и за каква било одлука ќе ве информираме во наредните денови“, велат група студенти.
Но, според деканот на Факултетот за уметности, Нафи Јашари, советот веќе донел одлука и студентите треба да се вратат на предавањата. Деканот дури вели дека може да се изречат мерки и за студентите.
Деканатот на 12 април ја опомена професорката и им понуди можност на студентите да изберат кај кој професор ќе посетуваат предавања. Но, ова одлука од деканатот беше одбиена од студентите.
Мефаил Исмаили