ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ и ВМРО се ’рчкаат за замрзнатиот имот во „Империја“

Замрзнувањето на имотите во случајот „Империја“ кои се евентуално поврзани со Сашо Мијалков и Никола Груевски, ги поттикна СДСМ и ВМРО уште еднаш меѓусебно да се обвинуваат за криминал. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не го коментира конкретниот случај, туку во прв ред го става замрзнатиот имот на ВМРО. Според него, тоа е последица на поврзаноста на судиите со СДСМ.

Advertisements

Во меѓувреме, од СДСМ, без воопшто да го споменат Сашо Мијалков во реакцијата, велат дека „Империја“ ги истакнува криминалите на Груевски и бараат оставка од Мицкоски.

„Од страна на надлежните институции е запленет имот како резултат на кривични дела поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. За сето ова време Мицкоски молчи. Молкот на Мицкоски е најголемата потврда дека ништо не е сменето во оваа партија, а Мицкоски макотрпно се труди да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. По сите овие признанија, по сите судски пресуди, како онаа од Титаник и по објавувањето на црната листа, по конфискуваниот имот во случајот Империја, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка“,  СДСМ

Вчера Судот донесе одлука за замрзнување на неколку имоти поради сомнение дека се добиени преку кривични дела. Замрзнати се дел од имотот на фирмата „Дивелоп груп“, дел од фирмата „Бест веј инвестмент“, поврзана со луксузниот хотел во центарот на Скопје „Мериот“, потоа имотот на „СИС инвест груп“ и некои акции.

Случајот „Империја“ се води против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева и други. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button