ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пендаровски реагира за Ванчо Михајлов: „Тој е докажан соработник на Хитлер“

Претседателот Стево Пендаровски денеска реагираше за вчерашното отворање на на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола на кое присуствуваше и бугарскиот премиер Кирил Петков.
„За жал, вчера во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока“, се вели во писмената реакција на Пендаровски. /Алсат.мк