ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерката за труд бара СОНК да им даде плата на штрајкувачите

Штрајкот во градинките и образованието влезе во својот седми ден. Министерот за образование Јетон Шаќири повторно денеска побара од синдикатот да го прекине штрајкот и да ги врати учениците на училиште, а децата во градинките. Шаќири тврди дека предлогот за зголемување на платите за 10% е највисоко досега и тоа во време на длабока економска криза.

Advertisements

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска бара работодавачите да им ги платат само придонесите на штрајкувачите, а нето плата да им подели СОНК. Тренчевска нагласи дека од работниците во градинките било побарано да водат евиденција кој штрајкува, а кој не – за државата плата да им даде само на оние кои редовно оделе на работа.

Народниот правобранител Насер Зибери рече дека до неговата институција веќе пристигнале 4 претставки за прекин на наставата.

Според СОНК, над 25 илјади вработени во градинките и училиштата се дел од генералниот штрајк.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button