МАКЕДОНИЈА
Извршителите немаат законска можност да одбијат извршување и на суми од само неколку денари, вели извршителот Станковиќ

Извршителот, Гордан Станковиќ, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека фактот што на извршување се даваат износи од мошне мали суми не доаѓа од извршителите туку од компаниите. Како што вели тој, извршителот нема законска основа да одбие извршување ниту за суми од само неколку денари.
„Извршителите, верувајте, не се задоволни кога ќе добијат предмет за наплата од 100, 200 или 500 денари. И ние не ги сакаме тие предмети, меѓутоа, законот нѐ принудува да постапуваме и по такви предмети. Всушност, не е проблемот во извршителите. Подобро е да се прашаат доверителите. Зошто иницираат извршување за 100 или за 500 денари или за 20 денари“, вели Станковиќ.