МАКЕДОНИЈА

Пендаровски нема забелешки во барањето на СОНК, но има во однос на нивниот тајминг

Професијата наставник од ’90-ттите години наваму е поприлично деградирана, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, претседателот на државата Стево Пендаровски, говорејќи за штрајкот на просветните работници. Пендаровски не ја оспорува суштината на барањата на СОНК, туку изразува забелешка во времето кога се покренуваат тие.

Advertisements

„Имам само една мала забелешка, во однос на сите нивни барања, не во однос на суштината, туку во однос на нивниот тајминг. Знаете, беше претходно пандемијата, сѐ уште не сме излезени, беше енергетската криза и сега капак на сѐ е војната во Украина, руската интервенција таму, која влијае на сѐ, вклучително и на инфлацијата. Притиска на буџетите на сите, па и на најголемите. Мое размислување, како граѓанин на државата е дека мора да најдат некој модел со владата и да ги почитуваат објективните економски индикатори во моментов…бидејќи мислам дека нивното барање, за тој процент на зголемување, нема да може, барем во овој временски период, да се реализира до крај“, вели Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button