Карма – Човекот страда единствено кога самиот создал услови за страдање


Алсат
03.07.2020 08:35
Повеќето луѓе кармата ја сфаќаат како вид на казна. Ова неразбирање на концептот карма е созададено од самите медиуми, културата и религијата во општеството.
Карма на Санскрит значи акција. Може да се интерпретира во контекст на законот на привлекување на Њутон- „За секоја акција има еднаква реакција“.
Тоа значи дека кога ќе создадеме негативна мисла, збор или акција, таа негативна енергија се враќа повторно кај нас.
Имено кармата не треба да биде интерпретирана како казна, бидејќи таа е подарок во име на знаењето- едукацијата.
Како поинаку би научиле да бидеме подобри личности, доколку не поминеме и низ тешки периоди во животот.
Човекот страда единствено кога има создадено услови за страдање.
Ова се 12 закони на кармата што секој поединец би требало да ги знае !
1. Големиот Закон
– „Како сееш, така и ќе жнееш “. Исто така познат како” Законот на причина и последица . ”
– За да добиеш среќа, мир, љубов и пријателство, треба да бидеш среќен, исполнет со мир и љубов и да си вистински пријател;
Што и да внесеме во овој универзум, тоа ќе ни се врати назад.
2. Закон на Создавање
– Животот има потреба од наше учество во него. Самиот по себе не може да се создаде;
– Ние сме Едно со унивезумот, одванатре и однадвор;
– Она што не опкружува се создава и длабоко во нас;
Да се опкружиме со она што сакаме да го имаме во животот;
3. Закон на Човечноста
– Потребно е да ја прифатиме ситуацијата за да може да ја промениме;
Ако се што гледаме е непријателство и негативност, тогаш не можеме да ја осознаеме суштината на постоењето;
4. Закон на Созревање- растење
– Поговорката вели- „Каде и да се наоѓате, на вистинско место сте“;
Ние сме тие што треба да се промениме, не луѓето, местата или опкружувањето. Се разбира, доколку сакаме да созрееме на спиритуално ниво;
– Се што ни е дадено сме Ние. Тоа е едниствено нешто врз кое треба да имаме контрола;
Кога ќе го промениме тоа кои сме и што сме во нашите срца, ќе се промени и текот на нашиот живот;
5. Закон на Одговорност
– Ако постои нешто погрешно во нашиот живот, тогаш постои нешто погрешно во нас;
– Она што не опкружува се отсликува во нас и обратно- ова е вистина на универзумот;
Сите треба да превземеме одговорност за она што се случува во нашиот живот;
6. Закон на Поврзаност
– Сите работи, од најголемата и најважната, до најмалата и најмалку важната, се поврзани меѓусебно. Сето ова е поврзано и со универзумот;
– Секој чекор води до наредниот, секој нареден води до наредниот;
– Потребно е да создадеме иницијатива за работата која што треба да се заврши;
– Ниту првиот чекор ниту последниот немаат огромно значење. Потребни се и давата за да се постигне целта;
Минатото, сегашноста и иднината се поврзани меѓу себе;
7. Закон на Фокусирање
– Човекот не може да размислува за 2 работи одеднаш;
Ако се фокусираме на спиритуалните вредности, невозможно е да имаме чувство на лутина и лакомост;
8. Закон на Споделување
– Ако човекот верува во некоја вистина, тогаш во некое време од животот ќе биде повикан да ја докаже таа верба;
Ова е вистински момент кога тоа што веруваме дека сме го научиле, треба да се примени во практика;
9. Закон на „Тука и Сега“
– Човек не може да е присутен „тука и сега“ ако гледа назад или напред грижејќи се за нешто што не постои.
10. Закон на Промената
– Историјата се повторува се додека не ја научиме лекцијата потребна за да го промениме патот по кој чекориме;
11. Закон на Трпеливост и Наградување
– Секое наградување значи вложување на труд;
– Долгорочната награда бара трпеливост и упорност;
Вистинската радост доаѓа кога го правиме она што треба да го правиме, знаејќи дека наградата ќе си дојде сама по себе;
12. Закон на Инспирација и Вреднување
– Вистинско вреднување на нештата е кога вложуваме директна енергија во она што го правиме;
– Секој личен придонес е придонес кон целината;
– Малите придонеси немаат никакво влијание врз целината. Не штедете се себеси;
Кармата е начин на живот кој промовира позитивно размислување и акции. Кармата создава само-рефлексија со цел да се исправат проблемите во животот на човекот.