ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните бараат намалување на цената на зелениот картон

Граѓаните се жалат на високата цена на зелените картони. Според нив, Владата треба да донесе одлука за намалување на цената и да најде законско решение тој да се плаќа со регистрација на автомобилот. Нивните поплаки главно се однесуваат на категоризација на картоните, бидејќи картонот за автомобил за семејни потреби е еднаков со картонот за луксузните автомобили.

Advertisements

 Властите треба да го променат тоа. Не може да биде истата цена за еден автомобил од 5.000 евра и за еден автомобил од 100.000 евра“.

 Од Агенцијата за супревизија на осигурувањето истакнуваат дека вклучувањето на зелениот картон во регистрацијата ќе го оптовари џебот на патниците кои немаат планови за патување во странство.

 Нашиот став е дека додека зелениот картон не стане задолжителен дел од плаќањата за неопходната регистрација на автомобилот, вкупната цена на уплатата што возачите треба да ја плаќаат за осигурување ќе се зголемува. Односно, оние кои немаат намера да патуваат во странство ќе треба да платат повисока цена“-велат од Агенција за супервизија на осигурување.

Цената на зелениот картон во Македонија се регулира врз основа на моторната моќ. Досега можеше да се купи за еден месец, шест месеци и една година, додека од 2020 година плаќањето за шест месеци е укинато. За транспортни возила и автобуси, зелениот картон чини 17.200 денари.

МоќностМесеченГодишен
До         66KW1.850 денари3.690 денари
Над       66KW30.75 денари5.536 денари

Во извештајот на Европската Комисија за Македонија се нагласува и потребата од отворање на пазарот за осигурителни компании и усогласување на цените врз основа на пазарот, а не со одлука на Владата како што функционира сега. Прашањето за намалување на цената на зелениот картон беше актуелизирано на крајот од 2019 година, но поради пандемијата Владата донесе одлука да го суспендира ова прашање до создавање соодветни услови.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button