ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ ретерира за онлајн судења

Он лајн судење е само идеја. Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за Радио Слободна Европа, го омекна ставот за дигитализација на судските процески. Посочи дека како Министерство знаат дека за он лајн судења треба поромена на законите за парнична и кривична постапка за кои треба двотретинско мнозинство. Ако до пред неколку дена, министерот преку јавни настапи и постови на социјалните мрежи испраќаше пораки дека судството може да функционира он лајн, денеска вели:

Advertisements

Дали тоа на крајот ќе заврши со целосна дигитализација или пак ќе се бараат други решенија, дел од нив ги предложи обвинителот Љубомир Јовески –судењата да бидат на отворено, судења во големи објекти. И тоа е опција ние нема да робуваме на тоа дека оваа идеја мора да се оствари, но не би ја отфрлале како можност и како идеја за која треба да се разговара со надлежните во судската власт“-рече Бојан Маричиќ, Министер за правда.

Порака дека нема услови за он лајн судења на адреса на Маричиќ пристигнаа и од еснафот – од државниот обвинител Љубомир Јовески но и од претседателот на Граѓанскиот суд, Илир Сулејмани. Сулејмани порача дека судот со кој раководи, не може да суди он лајн без да се сменат процесните закони за кои требаат 80 гласа во Собранието. Дополнително посочи дека, судот нема ниту технички услови да спроведе дигитално судење, а нема ниту проценка колку би чинела набавката на опрема за ваков процес. Он лајн судењето го проблематизираа и од Судскиот совет. И од таму посочија дека освен што нема законска можност за за ова, дополнително согласност треба да дадат и обвинетите како и адвокатите кои ги застапуваат. Иако и министерот за правда и неговиот заменик синхронизирано порачуваа дека е време за он лајн судења, никој ја нема консултирано Комисијата за измени на Законот за кривична постапка кој е составен дел на министерството за правда, околу експертски став дали има или нема можност за он лјан судења.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button