Турција, бројот на жртвите од земјотресот се искачи на 58

Бројот на загинати во страотниот земјотрес што ја погоди Турција се искачи на 58 лица. Три од жртвите се со потекло од Косово, семејство кое ја напуштило Приштина во 1956 година.
Осум повредени кои се во посериозна состојба се задржани на интензивна нега, а други 702 се отпуштени од болници. Досега, како што информираат спасувачките екипи, успеале да извлечат преживеани од урнатините над 104 лица, вклучително и еден 55 – годишен маж кој бил под урнатините 33 часа. Спасувачката операција продолжува во девет згради во крајбрежниор регион на Егејското Море.
И покрај фактот дека поминаа околу два дена од земјотресот со јачина од седум степени според Рихтер, жителите и понатаму се плашат од афершокови. Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби регистрираше 920 помали потреси, од кои 40 со четири степени.
Турција е меѓу најактивните сеизмички области во светот. Во минатото била погодена од разорни земјотреси. Едниот од нив е регистриран на 27 декември 1939 година, во два часот по полноќ, со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа 33 илјади луѓе. Многумина загинаа затоа што земјотресот се случи во средина на зимата, по што следуваше невреме и поплава кои градот го направија ненаселив. Градот беше напуштен и повторно изграден на север.