Економскиот раст ќе се коригира на 3,5 %

Македонската економија нема да остане имуна ниту на војната во Украина. Владата веќе е во пресметки колкав ќе биде ударот врз бруто домашниот производ. Одговорниот човек во владата за економските политики Фатмир Битиќи, во интервју за 360 Степени на Алсат рече дека од првично проектираните 4,3 отсто економски раст, прогнозата сега неофицијално е намалена на 3,5 отсто. Со најавениот ребаланс буџетската дупка би се зголемила за околу два отсто, додаде вицепремиерот. Тоа во апсолутни бројќи се 200 милиони евра кои се планирани да се потрошат а недостасуваат во државната каса.
„Во година во која имаш таков удар од инфлацијата и многу различни кризи, кои се случуваат во растот на цената на електричната енергија, енергетска криза воопшто на европско ниво, ковид криза, здравствена криза која се уште не е целосно елиминирана, што и да превземеш како чекор изгледа мал“, Фатмир Битиќи вицепремиер за економија
И Народната банка работи на ревидирање на стапката на економски раст за Македонија. Очекувањето на Централната банка дека домашната економија ќе испорача раст од 3,9 отсто нема да се оствари, а намалување ќе има и на прогнозата за раст на БДП за следната година.
„Во тек се макроекономските проекции, коишто ги изготвува централната банка. Ние со последниот сет на макроекономски проекции, коишто датираат од октомври минатата година, очекувавме раст од 3,9 отсто за оваа година, но со оглед на новонастанатиот шок и ризиците поврзани со тоа, тековно работиме на нови проекции, и постои голема веројатност дека ќе има надолна ревизија,“ Анита Ангеловска-Бежоска гувернер на Народната банка
По ланскиот раст на светската економија од 6,1 отсто меѓународните финансиски институции поради војната во Украина драстично ја променија прогнозата за годинава. На глобален план според Светска банка од 4,1 отсто растот ќе биде најмногу 3,2 отсто, од ММФ прогнозира /Алсат.мк
Иле Петревски