Ковид-19 ги стави пациентите со други болести во втор план

Постојаното зголемување на заразените со корона вирусот ги ставија пациентите со други болести на втор план. Иако „Мој термин“ работи, закажувањето специјализиран преглед во клиниките во последните денови станува се потешко. Пациентите со хронични заболувања велат дека избегнуваат лекарски прегледи, но оние што мора неопходно да бидат прегледани како што е во случај на хемотерапија за лекување на тумори, скитаат низ вратите на Клиниката за онкологија во Скопје.
„Точно е дека треба да се прошири капацитетот, раководството што ги води овие клиники треба да ги има во предвид овие работи за да не чекаме до последниот момент. Дел од одговорноста е на пациентите, кога гледаат дека имаат симптоми, нека се јават, а не да чекаат до последен момент.“
„Во меѓувреме, пациентите кои чекаат ред на одделите за радиотерапија и онкологија се жалат на недостаток на слободни термини за контрола за откривање на болестите во рана фаза на рак.“
Од дирекцијата на оваа клиника велат дека медицинските третмани за други болести не смеат да се одложуваат ниту поради пандемијата. Директорот Нико Васев призна дека има застој по ова прашање.
За сите видови карциноми, бројките покажуваат дека минатата година 9.642 лица биле ново заболени со малигни неоплазми во Македонија, од кои 72 деца и 3.122 лица на возраст од 60 до 70 години.
Аднан Ќаили