ВЕСТИЗАБАВА

Како да си направите домашен парфем?

Заводливите мириси не доаѓаат единствено од шишињата со парфеми кои се нудат по парфимериите. Имено, сами можете да си креирате сопствен и уникатен парфем. Доколку имате желба да си направите свој парфем, дознајте го наједноставниот рецепт за создавање на парфем.

Advertisements

Основен рецепт за парфем:

Земете една шолја која ќе ја наполнете со свежо набрани цветови и една чаша полна со минерална вода. Ставете газа во голем сад и оставете краевите на газата да излегуваат од садот. Одберете цветови како лилјани, лаванда, магнолија, глуварче… Цвеќињата кои биле во шолјата ставете ги на газата и полијте ги со минералната вода, така што цветовите ќе бидат под површината на водата. Оставете ги да отстојат во текот на ноќта. Следното утро, истиснете ја течноста која се впила во газата во сад кој ќе биде херметички затворен. Ете го вашиот нов парфем! Садот чувајте го на студено и суво место, а рокот на траење на овој парфем е еден месец.

Уште еден рецепт за заводлив парфем кој може да си го направите сами е следниов…

Потребни состојки:

3 супени лажици етил алкохол или вотка

10 капки ароматично или етерично масло од бергамот

2 чаши дестилирана вода

5 капки етерично масло од сандаловина

10 капки етерично масло од црна рибизла

Помешајте ги добро сите состојки во шишенце кое ќе биде херметички затворено. Оставете ја течност да отстои 12 до 15 часа. Чувајте го парфемот на студено и суво место и протресувајте го шишето пред секоја употреба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button