ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе се врши обдукција на починатиот по синоќешната престрелка во Чаир

Јавното обвинителство соопшти дека синоќа, дежурен јавен обвинител извршил увид во Чаир, каде по пукање со автоматско оружје едно лице почина, а две се повредени.

Advertisements

„Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител, обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти“, соопшти Обвинителството.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека две лица пукале во чајџилницата „Браќа Реџепагиќ“ во Чаир. Дел од медиумите јавуваат дека починатото лице е брат на Камбер Идризи, кој бил убиен за Рамазан бајрам минатата година.

Инцидентот е пријавен во полиција во 21:40 ч. Од МВР велат дека полициските екипи извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот. По сторителите трага и Обвинителството.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button