ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

За 12% зголемување на платите, ќе се издвојуваат по 9 милиони евра годишно

Речиси 44 илјади вработени во градинките, основните и средните училишта треба да добијат зголемување на платите. Засега од Владата не одговараат колку точно пари ќе се одвојат од државната каса за исплата на најавеното зголемување од 12 насто. Според пресметките на Алсат, во буџетот за оваа година за исплата на плати во образованието се одвоени 78 милиони евра, а со зголемените 12 проценти ќе треба да се одвојат дополнителни 9,1 милион евра на годишно ниво.

Advertisements

Вработени во градинки, основно и средно образование:

Вработени во основни и средни училишта – 36.663 илјади
Вработени во градинки – 7.081 илјади

Покрај просветните работници, повисоки плати барат и други вработени во администрацијата. Сојузот на синдикати ги почна веќе преговорите со владините претставници секој вработен да добие зголемена плата за 2.806 денари. Во моментов под државна капа се вработени 132 илјади административци. Доколку од оваа бројка се извадат вработените во образованието, тогаш барањето на ССМ за зголемени плати од 2.806 денари треба да се однесува на останатите 88 илјади вработени.

Од државниот буџет ќе треба да се одвојат околу 48 милиони евра на годишно ниво доколку се постигне ова барање на синдикатите. Владата најави нов закон со кој платите во јавниот сектор ќе се усогласуваат секоја година со растот на просечната плата и растот на трошоците на живот. Државата во просек на годишно ниво двои 500 милиони евра за исплата на плати во администрацијата.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button