ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јетон Шаќири очекува да продолжи образовниот процес во основните и средните училишта

Министерот за образование Јетон Шаќири очекува да продолжи образовниот процес во основните и средните училишта. Според него, Владата обезбедила максимално можно зголемување на платите во овој кризен период. Според Шаќири, сега е важно наставната програма да биде целосно имплементирана.

Advertisements

„Бев отворен и во комуникација со СОНК. Ги замолив да ни го покажат начинот и моделот на овој прекин на настава. Очекувам утре да започне наставата. Да имаме заедничка средба до викенд. Имам цел, цел наставната програма да биде целосно постигната“, изјави Јетон Шаќири – министер за образование

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, очекува по постигнување договор во среда, сите вработени во градинките да се вратат на работа. Според неа, од следната година се очекува и вработените во управата да ја добијат годишната регресија инаку позната како К-15.

Во меѓувреме, опозициските партии продолжија да ја критикуваат владата.

ВМРО ДПМНЕ соопшти дека поднела измена на Законот за заштита на децата со кој се бара итно зголемување на платите за сите работници во градинките за 18,5%.

Од Алијанса за Албанците велат декаВладата пред извесно време не ги прифатила измените, преку кои се предлага линеарно зголемување на платите во образованието.

„ Ја повикуваме Владата да не тера политички инает, туку да слуша и прифати конструктивни и корисни предлози за граѓаните. Во меѓувреме, уште еднаш ги прашуваме ДУИ и министерот Шаќири каде остана ветувањето дека во првите 100 дена платите во образованието ќе достигнат 600 евра?“, изјави Елми Азири- АА. /Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button