ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вархеји пред посетата на Скопје порача прашањето за старт на преговори да се реши до јуни

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пред денешната посета на Скопје, вчера од Софија порача прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ да се реши до јуни годинава. Тој изрази крајно разочарување што се уште се разговара за ова прашање. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вчера повтори дека на земјава и треба брзо, а не избрзано решение и оти остануваме на инсистирањето пред европските партнери час поскоро да почне првата меѓувладина конференција. За Ковачевски, не може популистичко-националистички реторики да бидат пречка за зачленување во ЕУ.

Advertisements

– Кога сум веќе во Софија, има уште едно големо прашање кое не може да се избегне, а да не се продискутира – а тоа е кога ќе ги имаме првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија и кога ќе почнеме да испорачуваме кон овие земји, рече Вархеји во обраќањето на Регионалниот форум за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans) во Софија.

Вархеји нагласи дека ЕУ нема ниту време, ниту интерес да се одложуваат првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.

– Сите земји членки треба да ја разберат трансформативната моќ на процесот на пристапување. И ова е пораката што ја носам во Софија повторно, бев тука пред три седмици и ќе доаѓам колку што е потребно за да се реши ова прашање во јуни годинава, бидејќи војната во Украина ни покажа дека ниту имаме време за губење, ниту интерес да се одложува овој процес, подвлече Вархеји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button