Османи: Деблокада на пристапните преговори за време на француското претседателство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничката прес конференција со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, истакна дека земјава е потполно усогласена со политиките на ЕУ и оти сега е вистинскиот момент ЕУ да го исполни својот дел од задачата.
“Република Северна Македонија, во целост, е усогласена со заедничката безбедносна политика на ЕУ и воедно со сите рестриктивни мерки коишто произлегуваат од воената агресија на Русија врз Украина. Цениме дека е сега вистинско време за ЕУ да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција за време на француското претседателство“, рече Османи.