МАКЕДОНИЈА
Гаши: Сакав да заминам од политиката, но…

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон…“ на Алсат, рече дека доброволно ќе заминел од политиката, но како што вели, не можел да го предаде аманетот на неговите пријатели и активисти.
„Лично, многу би сакал да заминам од политиката, но имам обврска, доверба од пријатели, активисти, кои никогаш не сакам да ги изневерам. Сѐ додека тие ќе бараат да останам, јас ќе останам жив или мртов таму. Јас сум во ова заради кауза, заради идеја, заради промовирање на одредени вредности и додека сум жив ќе придонесувам за тие вредности без разлика на мојата политичка позиција“, рече Гаши.