РЕГИОН
Рикер: САД и ЕУ остануваат ангажирани во процесот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово


Алсат
24.07.2020 13:12
Американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер денеска во Брисел ќе се сретне со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за решавање на спорот меѓу Србија и Косово.
Во одговор на новинарско прашање на телефонскиот брифинг синоќа, Рикер истакна дека САД остануваат ангажирани во процесот за нормализација на односите меѓу двете држави.
– Новиот ЕУ претставник е запознат со регионот и овие прашања многу добро. Утре ќе имам можност да се сретнам со него во Брисел, и тоа го очекувам со нетрпение, изјави Рикер, изразувајќи надеж дека двете држави би можеле да преземат чекори за постигнување напредок.