МАКЕДОНИЈА
Би имало ли импликации на внатрешен план при евентуално одвојување на Албанија во евро-интеграциите? Еве што вели Маричиќ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат не сакаше да коментира дали и какви импликации би можело да се очекуваат на внатрешен план во земјава, во случај Албанија да се одвои од Македонија во евроинтеграцискиот процес.
„Мислам дека е најдобро да почнеме заеднички да преговараме, дека заеднички се подготвувавме со оние објаснувачки скрининзи пред две-три години. И сметам дека е најдобро за регионот и за нас и за Албанија да почнеме што поскоро заедно. Понатамошните импликации не би ги коментирал затоа што сѐ уште не знаеме што ќе биде ниту овој јуни, ниту декември. Наш интерес е да почнеме што поскоро“, вели Маричиќ.