ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камчев ќе плати 5 милиони евра и се спогоди за случајот „Империја“

Орце Камчев и неговиот бизнис партнер Ненад Јосифовиќ се спогодија со обвинителката Лиле Стефанова која работи на истрагата за случајот Империја. Како што соопшти обвинителството, тие се спогодиле да добијат по една година затвор во рамките на што ќе им се смета и времето кое го поминаа во притвор. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милион евра во државниот буџет преку УЈП.

Advertisements

Кривичниот суд ги прифатил двете спогодби. Кривичните дела кои беа предмет на истрага во „Империја“ се однесуваат на злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба, измама и перење пари. До крајот на мај може да се очекува обвинение за случајот. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button