ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Молк за амбасадорите, Теута Арифи не одговори на прашањата

Дали и колку од шесте предлози за амбасадори на Владата извисија и сепак нема да бидат упатени за шефови на мисии во странство останува тајна, иако се очекуваше многу скоро да се пополнат испразнетите места во Брисел, Париз, Виена, Вашингтон и други клучни градови. Неодамна, претседателот на ДУИ, Али Ахмети потврди дека Теута Арифи би била добар предлог за амбасадор во ЕУ во Брисел, со оглед на фактот што е поранешен вицепремиер за евроинтеграции. Таа денеска не одговори на прашањето на Алсат дали била во трка за оваа фотелја. Од МНР претходно информираа дека за оваа позиција воопшто и не било испратено барање за агреман до Европската унија, затоа што државата немала усогласен предлог.

Advertisements

Нејасно е дали Владата го повлекла предлогот со Арифи, кој наводно бил потврден на затворена седница кон крајот на март или пак за неа согласност нема од претседателот Стево Пендаровски, кој мора да се изјасни во рок од 30 дена од формализирањето на предлогот. Од „Вила Водно“ за Алсат денеска потврдија дека до нив пристигнале предлози, но не споделија детали.

„Претседателот дава согласност за предлозите на Владата, согласно проценките и неговите надлежности во надворешната политика. Имињата на кандидатите, како и претставништвата за кои се даваат предлози не се објавуваат сè до завршувањето на постапката за упатување, согласно Законот за надворешни работи“,  Кабинет на претседателот

Покрај Арифи во Брисел, во медиумите протече и името на првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски како предлог за амбасадор во Париз, но шефот на дипломатијата Османи, на еден од своите последни брифинзи, не ги потврди имињата.

„Арифи, Димовски и останатите нови амбасадори добија ли агремани?

„Јас не можам да потврдам имиња, така што ќе ги сметам за шпекулации овие имиња. Точно е дека имаше шест одлуки на Влада, меѓутоа тие се доверливи информации сè додека не се добие агреман, а уште не е, затоа што тоа е процес којшто трае“,  Бујар Османи – министер за надворешни работи (19.04.2022)

И од Владата велат дека не можат да откријат дали и каков одговор добиле од претседателот Пендаровски, бидејќи постапката се водела на затворена владина седница.

Покрај Арифи, претходно во слична ситуација се најде и универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски, за кого беше започната процедура за испраќање како амбасадор во Вашингтон, но за него надлежните институции ја прекинаа постапката, па го назначија за шеф на мисијата во Обединетите нации, во Њујорк./Алсат.мк

Лука Андреев 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button