Чаир – работите на улицата Пере Тошев и другите ќе завршат во мај

На 15 мај годинава мора да завршат работите на улицата „Пере Тошев“ и уште 5 улици поврзани со неа. Речиси две недели од рокот за завршување на работите, од општина Чаир велат дека веќе има 20 куќи за приклучување на новиот систем за канализација и водовод. Првичните прогнози беа дека работите ќе завршат порано од предвиденото.
„На почетокот на работите беше истакнато дека ќе бидат потребни 4 до 5 месеци за целосно завршување на водоводната и канализационата мрежа. Но, не секогаш претходното планирање е исто со случувањето на теренот. Она што е важно за граѓаните е дека целосното и финално завршување на работите во канализационата мрежа ќе биде на 15 мај. Останаа само околу 20 куќи кои треба да се приклучат на канализационата мрежа“, Фари Хисени- портпарол на општина Чаир
Жителите и покрај тоа што се задоволни од тоа што овие улици се реконструираат, апелираат општината што поскоро да ги заврши работите бидејќи во оваа населба нема зелени површини, а на суво време има голема прашина.
„Од пред избори е. Така изгледа, поставија табла таму. Еве, како што гледате сами, двајца работници, две машини, еден шеф. Уништени се 6 улици. Ниту децата можат да излезат надвор, ниту можеме да ги отвориме прозорците, ниту вратите. Не донесоа песок, туку земја. Ги уништивме возилата. Водоводната цевка што ја пуштија беше скапана. – Ја пиете оваа вода? Цела улица пие, јас не“, Жител
„Тука има и луѓе со посебни потреби и се движат со електрични инвалидски колички. Зошто да ги кршиме електричните колички на ваква улица. Да го направиме патот побрзо за да им го олесниме секојдневниот живот на лицата со посебни потреби во општина Чаир“, Ертан Шакири-жител
Од општина Чаир велат дека по 15-ти, кога сите куќи ќе се приклучат на канализациона мрежа, ќе почне асфалтирањето на улиците. Почетокот на работите беше објавен на 26 август минатата година. За реализација на проектот на располагање се околу 1 милион евра. /Алсат.мк
Еви Шкопи