На местото на скарата и музиката, денеска „штурци“ на Матка

Многу од излетничките места денеска беа речиси празни. Во паркот кај Сарај граѓаните кои се одмараа можеа да се избројат на прсти. Некои од оние кои ги анкетиравме рекоа дека веројатно тоа се должи на економската криза и преселувањето на многу семејства во западните земји.
“Излеговме на прошетка со нашите внуци. Имаше ли луѓе? Не, не, слабо”, граѓанин
“Имаше луѓе, имаше повеќе пријатели, сега нема, сите заминаа во странство. Од ситуацијата повеќето заминаа во странство. Не, сега е и Рамазан. Многу работи се сменија со пандемијата”, граѓанин
“Излегов со другар ми да си играме. Дојдовме, но не беше како порано. Излеговме на прошетка додека не дојде време за ифтар”, дете
Други рекоа дека времето не е погодно за пикник, туку само прошетка.
И покрај тоа што денешниот ден не личеше на празник, граѓаните ги задржуваат свежи спомените кога паркот Сарај беше полн со посетители. /Алсат.мк
Мелихате Рустеми