ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: „Како никогаш досега работниците во Македонија се понижени и обесправени“

Годинава како никогаш досега работниците во Македонија се понижени и обесправени, а нивниот труд воопшто не е вреднуван, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, наместо подобри услови за работа и повисоки плати, работниците во Македонија трпат секојдневни притисоци и добиваат откази во услови кога нивните трошоци за живот вртоглаво растат.
„Животот кој им се ветуваше, се претвори во беда и безнадежно секојдневие, мислејќи како до крајот на месецот да заврзат крај со крај. Токму во очи на 1 мај, сведоци сме на закани, притисоци кон синдикатите и македонските работници како и попречување на уставното загарантирано право на штрајк“, соопшти Мицкоски. /Алсат.мк