ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за култура го игнорира извештајот за злоупотреби на пари во Албанскиот театар

Министерството за култура го игнорира извештајот за злоупотреби на пари во Албанскиот театар

Иако извештајот на Секторот за правен и инспекциски надзор, каде се констатирани неправилности во работата на директорот на Државниот ансамбл за народни песни и ора, Шкодран Толај е објавен во септември 2021 година од Министерството за култура, денеска велат дека се уште го разгледуваат записникот од извештајот.

Advertisements

Алсат вчера објави детали од извештајот каде Секторот за инспекциски надзор констатирал бројни неправилности во трошоците на директорот на Ансамблот, Толај. Побаравме став од Министерството за култура и изјава од министерката Бисера Костадиновска- Трајчевска за две прашања:

Прашања до Министерството за култура

– Дали Министерството за култура има информации за извештајот на Секторот за правен надзор и инспекциски надзор за ансамблот?
– Ако е така, што презело?

Но конкретен одговор од Министерството не добивме. Ни кажаа дека министерката Костадиновска Трајчевска била презафатена со работа, а послободна ќе била од понеделник. Прашањата беа одговорени писмено:

„Во Министерството за култура, во Секторот за дејности добиен е извештај од инспекцискиот надзор на Секторот за правен и инспекциски надзор, за Ансамблот за песни и ора. Следува преглед на записникот и ќе бидете целосно информирани за понатамошните чекори на Министерството“, велат од Министерство за култура.

Но, од Министерството за култура не даваат конкретни одговори дали презеле чекори за одговорност кон директорот и како понатаму ќе постапат.

Алсат преку телефонски повици и СМС пораки побара став и од самиот директор Шкодран Толај. Директорот Толај се појави попладнето и рече дека во моментов не може да даде детален став, бидејќи е презафатен со работа. Тој само рече:

„Секој кој работи, може да греши. Во моментов не можам да дадам изјава бидејќи сум премногу зафатен со организирање концерт. Ќе можам да зборувам по 9 мај“, изјави Шкодран Толај, директор на Ансамблот.
Во извештајот на Секторот за правен и инспекциски надзор на Министерството за култура, пишува за можна злоупотреба на пари во Државниот ансамбл за албански народни песни и ора, за трошење пари надвор од законските рамки со купување авионски билети за патување во странство без дозвола од Министерството како и за хонорари за патување, камати и за извршители поради ненавремено плаќање на потребните плаќања,за трошење на гориво за лично возило и за други неправилности. /Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button