МАКЕДОНИЈА
Николоски оптимист дека лидерска би можело да има пред 10-тти мај

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат изрази очекување дека лидерската средба којашто ја бара претседателот на опозициската партија ќе се случи следните денови.
„Јас сѐ уште мислам дека ќе имаат доволно свесност до вторник, вторник е 10-тти мај и дека во текот на викендов ќе се случи таа лидерска средба на којашто ќе договориме датум за предвремени избори и во овие четири клучни сектори ќе почнеме да наоѓаме решенија за доброто на Македонија“, вели Николоски.