ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Деспотовски: Интересот на граѓаните и компаниите треба да биде пред институциите

Интересот на граѓаните и компаниите секогаш треба да биде пред оној на државата, ова го изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, прашан за случајот со деловниот простор на Алсат, за тоа каков сигнал се испраќа до домашните и странските инвеститори во земјава. Деспотовски вели дека не сака да коментира судски одлуки, но додава дека редовно во извештаите на меѓународните финансиски институции и на Европската комисија има забелешка токму за нестабилноста на бизнис климата во Македонија.

Advertisements

„Мој личен став, бидејќи тоа не е во делокругот на работите каде што јас можам директно да помогнам. Меѓутоа, не сметам дека интересот на институциите треба да го ставиме пред интересот на компаниите и на граѓаните“, рече Деспотовски.

Од друга страна пак, заменик министерот за правда Агим Нухиу, вели дека случајот со деловниот простор на Алсат се стави во прашалник имиџот на државата.

„Ние имаме препораки и од Судот во Стразбур, значи европското правосудство за да се грижиме и за правната безбедност визави инвестициите кои треба да се прават во сите сфери во нашата земја било во сферата на медиумите или во други сегменти, кои во крајна инстанца добиваат димензии од карактерот што го сочинуваат функционирањето на правната држава и атрибутите на еден правен ред, на правната безбедност, приватната сопственост и достоинството на секој граѓанин“, рече Нухиу.

Последната одлука на Апелациониот суд со која се укинува одлуката на Граѓанскиот суд и се отфрла жалбата на фирмата „ВЕВЕ Груп“ – сопственик на Алсат телевизија, овозможува извршител на Министерството за финансии да го стави на продажба имотот на компанијата во кој се наоѓа информативната редакција на Алсат, сместна во ТЦ Мавровка.

И покрај сите материјални докази и претходни судски пресуди и решенија во корист на Алсат нејасно е зошто државата и натаму инсистира да го земе деловниот простор на телевизијата. Ваквиот однос на државата кон приватна фирма, во случајов медиум со национална концесија, може само да се оцени како притисок во работењето и известувањето.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button