Хасановиќ: Политичкиот притисок врз медиумите е ужасeн за државата

Емир Хасанови од Институтот за стратешки дијалог и координатор за Западен Балкан, во „Емисија 200“ на Алсат објасни како може да се гледа на ситуација кога институционално делување може да се толкува како политички притисок и притисок врз медиумите.
Тој рече дека секоја ситуација кога имаме политички притисок врз медиумите е ужасно за државата.
„Секоја ситуација кога имаме политички притисок врз медиумите е ужасно за државата, ужасно е за демократскиот развој на општеството. Се враќаме на институционалните процеси, дури и да е политички обид, мора да има силни институции со модерни процеси, бидејќи со некои институции со кои сум работел, мејлот не е официјална комуникација. Ги подобруваме овие работи, но не сме подготвени да преземаме такви проекти за кои е потребен човечки капитал…“, нагласи Хасановиќ.