Салата на УКИМ ем изгор скапа, ем не е во употреба

Седум години од договорот за изградба, спротската сала во дворот на УКИМ, иако речиси целосно готова и денес не им служи на студентите. Претходната владејачка гарнитура ја најави како ултра модерна спортска сала која денес изгледа вака напуштено, полна со шут и уништена опрема и инсталација. Наместо свртилиште на студенти и спортисти, салата сега е собиралиште на наркомани, објави вчера емисијата „360 степени“, која се емитува на Алсат. За оваа сала треба да се грижи фирмата изведувач – „Алконпроект“ која тазе излезе од стечај со план за реорганизација. Се до техничкиот прием е во нејзино владение, а Агенцијата за млади и спорт ја нема презедено салата бидејќи фирмата нема сработено по договореното. „Алконпроект“ барале дополнителна исплата од 440.000 евра, а ова за Агенцијата било неприфатливо. Фирмата градител тужи и добива пресуда во нејзина корист во тетовскиот суд и во гостиварска Апелација. Во овој период фирмата влегува во стечај, а извршител со камата ја дуплира сумата на Агенцијата која плати 810.000 евра. Агенцијата сега е со помалку пари, а салата не е во употрба.
Државното правобранителство во нејзино име бара разврска на највисока инстанца – Врховниот суд. Новиот директор на Агенцијата за млади и спорт стравува дека високата сума дадена на извршител ќе влијае врз нивното функционирање.
Тоа е голем удар за Агенцијата, бидејќи во оваа пандемија сега не можеме да бараме ниту дополнителни средства – изјави Наумче Мојсовски, директор на Агнеција за млади и спорт.
За спортската сала се потрошени 2,5 милиони евра народни пари. Студентите на УКИМ останаа без сала за спорт, бидејќи Агенцијата требаше да ја предаде салата на Универзитетот.
Игор Стефановски