МАКЕДОНИЈА
СДСМ за случајот со Алсат: Ќе се направи сѐ да се почитуваат законите и да се заштити приватната сопственост

Пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ изрази увереност дека власта ќе стори сѐ што може за да се почитуваат законите и да се заштити сопственост на телевизија Алсат. Според неговите податоци, случајот постоел уште од времето на министерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ставревски.
„Случајот се влече од времето на министер Ставревски….Јас сум сигурен дека ќе се направи сѐ од актуелната власт да се почитуваат законите и да се заштити приватната сопственост на секој сопственик, во овој случај на телевизијата Алсат“, рече Коциќ.
Дел од имотот на телевизијата, купен со чисти документи, Апелација реши да го стави на продажба со образложение дека тој некогаш бил под хипотека.