ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Угостителските објекти од утре ќе работат до 21 часот

Од утре угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Оваа одлука ја донесе владата по препорака на Комисијата за заразни болести. Информациите кои ги добивме од владата велат дека одлукате ќе биде утре објавена во Службен весник и со тоа стапуваат на сила. Од Независната угостителска комора велат дека ваквата мерка ќе доведе до масовни отпуштања во угостителството.

Advertisements

Угостителите ќе настојуваат на секој начин да ги задржат и да не ги отпуштат своите вработени. Но, она што очекуваме да се случи е дека угостителските работници веќе нема да го имаат истиот елан, интерес, желба и потреба да работат и бараат работа во угостителскиот сектор бидејќи истиот нема да биде во можност да ги понуди стабилноста и сигурноста на работното место и соодветните надоместоци, што ќе допринесе до појавата на масовно напуштање на работата од страна на самите работници – велат од Независна угостителска комора.

Дополнително, угостителите тврдат дека мерките за превенција не ги почитуваат само поединци и сега поради неколку случаи ќе трпи целиот сектор. Освен финансиска поддршка од државата за плати за вработените, на сопствениците на угостителските објекти на располагање им се и кредити за кои не треба да враќаат камати.

„Четвртиот пакет мерки предвидува финансиска помош за рестораните кои имаат лиценца да организираат свадбени прослави. И тоа од три до десет илјади евра. Од Незавианата комора на угостители велат дека ваквата одлука е дискриминаторска и е селективна бидејќи според нив истите мерки кои ги нуди државата треба да важат за сите угостители во земјава“.

А здружението на музичари на кои им беше забрането да настапуваат во угостителски објекти денеска се сретнаа со претседателот на државата Стево Пендаровски. Музичарите му ги кажале маките на шефот на државата и од него побарале да се направи ревизија на сите протоколи за нивната работа. Како најитно барање музичарите истакнале дека е потребна финансиска помош кај семејствата во кои двајцата сопружници работата во музичката област. Претседателот Пендаровски дал ветување дека ќе се залага за изнаоѓање на решенија за нивниот проблем. Инаку, угостителскиот сектор беше еден од секторите кој беше прв на удар и при првиот удар на корона вирусот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button