ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Захариева: Сè уште е рано за преговори

Има напредок меѓу Северна Македонија и Бугарија, но сè уште нема конкретни решенија. Ова за бугарските медиуми го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева по последната средба меѓу партиите во Берлин со посредство на германските министри. Таа додава дека и покрај напредокот во петчасовните преговори со министерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Бугарија сè уште не може да ја одобри рамката за преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Advertisements

„Сè уште имаме можност да се договориме за рамката за преговори. Не станува збор за оспорување на реалноста, туку за изразување на историската вистина, што се рефлектира дури и во наводите за малцинството“.

„Честите контакти и средбите на високо ниво се во функција на поголемо разбирање со соседна Бугарија. Овие комуникации доведуваат до поголемо разбирање, до зајакнување на довербата и до приближување на ставовите.

Во соопштението од Владата, велат дека нашата земја го почитува и е посветена на спроведувањето на Договорот за добрососедство, кој обезбедува рамка и инструменти за решавање на билатералните прашања. Бугарија во моментов инсистира на тоа дека во документите на ЕУ да се користи по секоја цена целосното име на земјата, Република Северна Македонија, да не се користи терминот „македонски јазик“ во документите ЕУ, и трето прашање е постоење на малцинството Македонците во Бугарија.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button