
САД денеска официјално го напуштаат меѓународниот договор за климата постигнат во Париз кон крајот на 2015 година. На 4 ноември 2019 година, американските власти ги информираа Обединетите нации дека започнале со процесот за напуштање на договорот.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео тогаш Парискиот климатски договор го оцени како „економски неправеден товар“ за американската економија. Околу 200 земји го потпишаа Парискиот договор за клима, според кој, секоја земја поставува цели за намалување на емисиите на штетни гасови што доведуваат до климатски промени.